Колачињата по кои полуде светот: Мора да ги пробате!

24 ноември 2016

Социјалните мрежи полудеа по овие колачи кои однадвор изгледаат како вистинска магија, а истите се и неверојатно вкусни.

Иако изгледаат како нешто навистина комплицирано, нивната подготовка навистина е едноставна и лесна.

Слаткарката Ксенија Пенкина е неверојатен хит на социјалните мрежи со нејзините „стаклени“ торти кои изгледаат како вистинско уметничко дело.

Токму овие глазури ги прослави Олга Носкова за која неодамна пишувавме и ви ги претставивме нејзините магични и уникатни торти.

Она што ги прави колачите на Ксенија навистина посебни е и нивната внатрешност, односно вкусот на кој никој не може да му одолее.

Колачите се подготвуваат така што во калапи се става смесата за чоколаден мус, а потоа колачето, а на крајот сосема обично колаче бисквит по избор.

Откако ќе се подготват колачите се ставаат во ладилник, а кога смесата ќе се замрзне се прелива со чоколадна глазура. Пред да се послужи, колачите треба малку да се одмрзнат и да се пресечат.

Состојки за глазурата:

20 грама желатин во прав

120 мл. Вода

300 грама гликоза

300 гр. Шеќер

150 грама путер

200 грама засладено кондензирано млеко

300 грама чоколадо

Боја за храна

Подготовка:

Ставете го желатинот во студена вода. Шеќерот, водата и гликозата сварете ги на тивок оган и по некое време тргнете ги на страна. Во смесата додајте го желатинот. Додадете го кондензираното млеко. Прелијте го преку чоколадото и путерот и мешајте додека не се направи хомогена смеса.

Глазурата користете ја за колачи или торти на температура од 35 степени.

 

Објавено:
24 ноември 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
4.621 пати