Иако можеби ќе кажете дека сѐ уште е рано да започнете со подготовки за Велигден, но верувајте дека ќе дојде побрзо одошто очекувате.

Ако оваа година сакате да промените нешто при уредувањето на домот или пак да направите некој нов рецепт, тогаш време е да почнете да истражувате и да барате инспирација.

Постојат неколку украси кои се традиционално поврзани за овој голем празник, а покрај јајцата во различни варијанти, едни од нив се и малите зајчиња, морковите, пилињата...

Сега е вистинско време да прошетате низ продавниците и да ги најдете совршените детали со кои ќе го украсите домот, ќе ја разубавите масата, но и ќе ги набавите сите намирници за совршена велигденска трпеза.

Оваа година целосно посветете се на „направи сам“ проектите, па создадете вистинско мало царство во домот составено од колоритни кошници, украси за на врата, дрва со јајца, разни корпи за на маса, како и мали совршенства во кујната.

Вистински хит оваа година се омбре јајцата за кои знаеме дека ќе го привлечат целото внимание во домот, а и лесни се за правење.

Единствено што треба да направите е да внимавате колку време ги држите во бојата, односно можете да почнете од една, па сѐ до 10 минути за да го постигнете овој ефект. Другата варијанта е да ги попрскате со спреј или некоја боја постепено по површината за да постигнете омбре момент.

Подеднакво прекрасни се и еднобојните јајца на кои се испишани цитати или пак залепени цветови, но и сите оние украси од јајца во кои можеме да ставиме цветови или пак свеќи за уште поубава атмосфера.

Што се однесува до храната, хит кај рецептите за Велигден се морковите кои и не се нешто ново, но годинава ги обожаваме во многу повеќе варијанти.

Солените и благите рецепти добиваат сосема нова и поинаква димензија со вкусните моркови, без разлика дали се работи за торта, пита или пак едноставно испечени на скара со зачини.

Во галеријата погоре погледнете неколку супер идеи со кои можете да ги започнете подготовките за Велигден, додека сме во исчекување на уште многу повеќе!

Објавено:
30 март 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
7.967 пати