Кремата за раце спречува електрицитет на облека

18 октомври 2019

Кремата за раце е составен дел од сечиј женски несесер за козметика. Освен што ви помага во негата на кожата на рацете, ќе ѝ бидете благодарни за уште неколку магични трикови, кои ви ги презентираме во продолжение:

Го спречува електрицитетот на облеката

Имате фустан или здолниште што ви се лепи за хулахопки или нозе? Кремата за раце ќе ви помогне. Сè што треба да направите е да ставите малку крема на дланките, да ги протриете и со рацете да ги поминете хулахопките.

Испукани влакна

Кремата за раце можете слободно да ја нанесете и на врвовите на коса. Таа ќе го спречи пукањето на влакната. Но, внимавајте. Количеството мора да биде мало, во спротивно ќе создадете ефект на масна коса.

За отстранување шминка

На секоја жена ѝ се случило да ѝ се размачка маскарата или карминот. Во ситуации кога немате средство за отстранување или друг препарат да ви помогне, посегнете по кремата за раце. Ставете малку крема на марамче или палома и отстранете ги несаканите дамки од шминка на лицето.

За чистење чевли

Имате состанок, но не и совршено чисти чевли? Ставете малку крема за раце повторно на марамче и пребришете ги. Но, внимавајте: Овој трик важи само на чевли со мазна кожа.

Објавено:
18 октомври 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
498 пати