Една од омилените активности кај повеќето жени несомнено е шопингот. Но, и покрај тоа што е уживање, а индивидуално според некои и стрес терапија, сепак импулсивното купување многу често резултира со нерационално потрошени пари.

Во продолжение ќе ви посочиме неколку лоши навики што ги правите за време на шопинг.

-Купувате неносливи тренди парчиња
Нема ништо лошо во тоа да се подновите со некое парче кое е апсолутен моден хит, но ако го купувате само поради тоа, а воопшто не се совпаѓа со вашиот личен стилски сензибилитет, тогаш ќе остане со етикета во вашиот гардеробер и следните неколку сезони.


-Купувате чевли без да ги пробате
Пред дефинитивно да се одлучите да купите чевли, задолжително облечете ги и прошетајте низ дуќанот со нив со цел да проверите дали ви се удобни.


-Не ја познавате политиката на враќање облека
Иако ова не е најзабавниот дел од шопингот, сепак не е лошо да се информирате каква е политиката за враќање на производите, во случај ако сте направиле погрешен избор.


-Купувате импулсивно
Разбираме дека е тешко да се одолее на сите омилени парчиња облека од излозите, но пред да купите размислете дали навистина ви се потребни, дали ви одговараат и со што би ги комбинирале.


-Купувате нешто што не ви се допаѓа
Едноставно е. Ако сите имаат чанти со реси или чизми над колена, не значи дека мора да ги имате и вие. Особено ако не ви се допаѓаат.

Објавено:
16 февруари 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.835 пати
Тагови: 
шопинг совети