Малата Чарли ја има најдобрата роденденеска забава!

15 ноември 2017

Организацијата на детски роденден знае некогаш да биде макотрпна, бидејќи треба да се најде средина помеѓу желбите на детето, реалните можности и финансиите.

Кас Ричардс е австралиска фотографка која се соочила со ваков предизвик во пресрет на деветтиот роденден на ќеркичката Чарли.

Идејата потекнала од dream catchers (замка за соништа), што Чарли ги обожува, па Кас се обидела да ѝ направи забава во бохо стил, токму во тој дух.

Покрај пердувите и перниците на кои Чарли и нејзините другарки седеле, впечатливи се и останатите детали, како приборот со светки, балоните и лепезите од хартија во розови и портокалови нијанси.

Вниманието ќе ви го привлечат и слатките со името на 9-годишната роденденка, како и пастелната торта, крофните и полнетите корнети.

Инаку, забавата е организирана во домот на фотографката, поточно, во една од собите.

Австралиските медиуми ја издвојуваат оваа забава и поради евтиниот буџет од 1.500 австралиски долари. Но, тоа секако важи за тамошните услови, бидејќи конвертирано во евра, фотографката потрошила околу 900 евра.

Без разлика на тоа, фотографиите што ги гледате можат да бидат вистинска инспирација за некоја забава на вашето дете, каде ќе направите спој на практични и не толку скапи елементи. А тоа, секако можете да го направите, ви треба само малку вештина и креативност.

Објавено:
15 ноември 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
804 пати
Извор: 
DailyMail