Марк Џејкобс маица-фустан на три начини

30 април 2015

 

odna-veshc-tri-obraza-plate-rubashka-marc-by-marc-c

Маица-фустан е едно од трендовските парчиња оваа сезона. Едноставно и удобно ова парче овозможува разни модни комбинации, прилагодени на вашите можности и личен стил. Знаејќи го тоа, Марк Џејкобс пласираше токму таков модел, кој веќе е едно од задолжителните парчиња на многу познати личности.

Во продолжение погледнете три предлози:

odna-veshc-tri-obraza-plate-rubashka-marc-by-marc-1

Урбано. За сите оние што преферираат вакви комбинации, оваа маица-фустан може да ја комбинираат со широки панталони-тренерки и челви на врзување. Бобмер јакната е уште едно тренди парче што совршено ќе се совпадне во оваа комбинација, а ранецот е идеален моден додаток.

odna-veshc-tri-obraza-plate-rubashka-marc-by-marc-2_

Спотска-елеганција. Панталоните наречени килоти во комбинација со маица-фустанот, даваат елегантна нота на изгледот. Ако на тоа додадете елече и елегантна чанта, ќе добиете класична комбинација. А спортската нота внесете ја преку тренди патики.

odna-veshc-tri-obraza-plate-rubashka-marc-by-marc-3

Лежерно шик. Тука маица-фустанот ќе има навистина улога на фустан, кој можете да го комбинирате со мантил и шапка. Ранец со животински принт и актуелните сандали со истакнат ѓон ќе ве направат вистинска тренди дама на асвалтот.

Кој е вашиот избор?

извор: .buro24/7
Објавено:
30 април 2015
Категорија: 
Направи сам