Моден водич за мажи: Сѐ за манжетните

17 март 2014

Ако дијамантите се најдобриот пријател на сите жени, тогаш во машкиот свет тоа несомнено се манжетните. Важат за исклучиво машки софистициран моден додаток кој што е прогласен за безвременски аксесоар и верен пријател на мажите низ годините. Креирани во 1600-тата година, а веќе во осумнаесеттиот век станаа „must have“, додаток без кој што не може да се замисли машкиот формален изглед. Манжетните биле специјално направени за да се прицврстат ракавите на француските кошули, но и за да се постигне елегантен стил кој ќе го нагласи истанчениот вкус на мажот кој ги носи.

Сепак, мажите треба да внимаваат како ги носат манжетните, бидејќи постојат неколку вида на манжетни и неколку модни и едноставни правила кои укажуваат на идеалните комбинации.

Видови манжетни:

 

Torpedo-манжетни

Torpedo-манжетни Torpedo-манжетни

Ова е најчестиот и најпопуларниот модел на манжетни. Тие имаат интересен декоративен украс, а нивното прикачување е многу едноставно, бидејќи само се штипкаат на ракавите од кошулата. Ако прв пат купувате манжетни и не сте подготвени за голема инвестиција, Torpedo-манжетните се одличен избор. Со купување на овој дизајн нема да изгледате помалку гламурозно од останатите, туку едноставно, овој модел е идеален за старт за да почнете полека да ги вметнувате во вашите по свечени појавувања. Несомнено ќе оставите впечаток дека сте господин кој знае што е стил.

 Chain Link-манжетни

Chain link-манжетни Chain link-манжетни

Овој тип на манжетни се традиционален модел и уште се наречени манжетни со двојно лице или двоен панел, бидејќи немаат штипка, а се закопчуваат со синџир кои ги поврзува двата украса. Моделите со ваков декоративен дизајн најмногу се носат на формални настани.

Bar-манжетни

Bar-манжетни Bar-манжетни

Bar-манжетните се направени од два украса кои меѓу себе се поврзани со метален додаток. Овој модел нема некаков посебен механизам на закопчување, туку едноставно само се протнуваат низ отворите на ракавите од кошулата. Креирани со неверојатно едноставен дизајн, тие се совршен избор за човек кој сака да испрати порака дека има софистициран, но сепак едноставен стил. Наменети се за младите на кои работата или настаните им налагаат класичен изглед.

Silk Knot-манжетни

Silk Knot-манжетни Silk Knot-манжетни

Станува збор за оние модели кои се главно изработени од свиленкасти материјали и се одличен избор за дневни комбинации. Ако стандардните типови на манжетни мора да се носат со кошула и сако, тогаш овој тип дозволува одредена слобода во комбинирањето, нив можете да ги комбинирате и со спортско сако, кожна јакна или друг кежуал модел на палто, освен со џемпер. Широкиот спектар на бои, форми и облици може да ви биде дополнителна инспирација за да вметнете малку повеќе свежина и фенси вибрации во секојдневниот изглед.

Како да ја одберете вистинската боја на манжетни:

Најважниот момент при одбирањето на бојата на манжетните е тесно поврзан со бојата на кошулата која ја носите, но исто така зависи од нијансата или материјалот од кои се изработени другите модни додатоци кои ќе ги вметнете во изгледот. Најпопуларни се белите, златните и сребрените нијанси на манжетни. Во последно време на актуелност добиваат и дизајните во сина и црна боја.

Откако ќе ја одберете бојата на кошулата, обрнете внимание и на другите условно кажано метални аксесоари кои ќе ги носите. Почнете од вашиот часовник, токата од ременот кој го носите на панталоните и формата и материјалот на копчињата од кошулата. Доколку одберете да носите златни манжетни, тогаш бојата на кошулата нека биде црна, зелена, сина или жолта. Сребрените нијанси на манжетни најмногу одговараат со црните и сините тонови на кошули, додека црвените или кафеавите манжетни, најдобро ќе соодветствуваат со белите кошули.

Како да носите манжетни:

Откако го одбравте омилениот модел манжетни и соодветно ги искомбиниравте со вашиот стајлинг, следно што треба да знаете е како правилно да ги носите. Најважниот совет е да ги носите со костим. Манжетните не се дизајнирани како секојдневни модни додатоци. Ова правило важи дури и оние типови кои се изработени од свиленкасти материјали и за кои веќе напоменавме дека може да се комбинираат во малку по кежуал изглед, но сепак, треба да внимавате.

За костум со црна вратоврска без разлика дали е станува збор за класичен модел или пеперутка, можете да одберете малку по гламурозен модел на манжетни како оние кои се декорирани со дијаманти или бисери. Кога посетувате настани и манифестации кои имаат строг дрес код, тогаш потпрете се на едноставните метални форми, украсени со полудрагоцени камења или сребрени емајлирани површини. Кога ги носите преку ден со не толку формален изглед, се препорачува да одберете некои од класичните модели, а ако сакате да покажете дека сте вистински трендовски камелеон и да експериментирате малку со изгледот, а пригодата ви го дозволува тоа, одберете манжетни во „откачени“ форми и облици, како смајли, мотор, часовник, авион и слично.

 

 

Објавено:
17 март 2014
Категорија: 
Направи сам