Модни совети за сите хороскопски знаци

16 мај 2013

Доколку ви е здосадено од постојаниот изглед и сакате новитет на стајлингот, астрологот Киран Раи ве советува како да се облекувате во согласност со хороскопскиот знак.

Овен

Карактерни црти: оптимист, независен, дарежлив

Среќна боја: црвена

Овните сакаат да наредуваат, па кога се работи за модата тоа не е голем проблем. Знаат што сакаат и не би облекле нешто што не им одговара. Омилени им се кошулите, кои обожаваат да ги комбинираат со панталони.

Бик

Карактерни црти: сигурен, лојален, трпелив

Среќна боја: смарагдно зелена

Биковите се топли личности, внимателни, љубезни (се додека од нив не се побара да направат нешто што не сакаат). Омилени им се безвременските парчиња од гардеробата. Добро им стојат марамите, па лесно привлекуваат погледи ако се земе во предвид сензуалноста која бикот ја поседува за привлекување на спротивниот пол.

Близнаци

Карактерни црти: паметен, духовит, прилагодлив

Среќна боја: жолта

Понекогаш изгледа како да носат две личности во себе, а тоа се должи на големата љупопитност, поради која е тешко да се концентрираат само на една работа. Разноликоста на стиловите е клучот за добриот изглед, но секое претерување носи негативни резултати. Доколку немате некое кожно парче во вашиот орман, тогаш е време да си набавите за наредната сезона.

Рак

Карактерни црти: грижлив, одговорен, заштитник

Среќна боја: бела

Жената рак е голем емотивец, па не ни не изненадило да се врзе и за одредено парче облека. Раковите сакаат удобност и мразат несреденост. Вистински љубители на елеганцијата.

Лав

Карактерни црти: доверлив, амбициозен,  забавен

Среќна боја: златна

Лавовите се природни владетели познати по својата отворена природа, смелост и склоноста кон флертувањето. Кога личноста со овој хороскопски знак ќе се појави во некоја просторија, веднаш се чувствува нејзината енергија .Не само што се магнетски привлечни, туку бираат и гардероба која упаѓа во очи. Оваа година носете турбан или некој интересен моден аксесоар.

Девица

Карактерни црти: подршка, аналитичност, спремност за помагање

Среќна боја: плава

Девицата обожава класични парчиња кои може да ги комбинира. Кога не го анализираат својот живот, флертуваат со случајни минувачи и тоа пред се со слатката и искрена насмевка – кое е најмоќното оружје за освојување.

Вага

Карактерни црти: прекрасна, дипломат, шармантна

Среќна боја: пастелно зелено

Вагите сакаат убави работи, вклучувајќи ја тука и облеката. Новите трендови одлично им привлегаат, па поради тоа многумина се инспирираат од нивниот стил на облекување

Шкорпија

Карактерни црти: страсна, динамична, прониклива

Среќна боја: виолетова

Кога станува збор за најсексипилниот знак во зодијакот, тогаш тоа е шкорпијата. Одлично изгледаат во панталони со висок струк, но и добри се во експериментирањето со долната облека. Изборот на облека на овој хороскопкси знак зависи од нивното расположение

Стрелец

Карактерни црти: независен,интелектуален, одлучен

Среќна боја: тиркизна

Поради своите широки гледишта, стрелците се омилени во друштво, а и оние кои не ги познаваат лесно ги прифаќаат. Доверливи, паметни и радознали, тие се еден од најдинамичните знаци во зодијакот. Секогаш расположените стрелци се заинтересирани за се што ги опкружува, а модата ја обожаваат. Најдобро се чувствуваат во спортска облека  или пак во бел џинс и широка маица.

Јарец

Карактерни црти: дисциплиран, резервиран, срамежлив

Среќна боја: беж боја

Јарците се знак кој е познат по својата работа, па токму поради тоа секогаш треба да практикуваат стил во кој ќе изгледа како да не вложил преголем труд, а сепак да изгледа добро. Кога не владеат со светот, јарците се препуштаат на креирањето облека.

Водолија

Карактерни црти: генијална, хумана, паметна

Среќна боја: небо плава

Водолиите се водат според ритамот на внатрешниот глас и затоа ги нарекуваат „деца на цвеќето”. Токму поради тоа го практикуваат хипи стилот и необични и ексцентрични модели.

Риби

Карактерни црти: интуитивна, внимателна, космополит

Среќна боја: морско зелена

Рибите се чувствителни и забавни, сакаат уникатни работи и уметнички изработени аксесоари кои може да ги носат на романтични вечери или на забави.

Објавено:
16 мај 2013
Категорија: 
Направи сам