Најдобрите летни трендови според формата на вашето тело

2 јуни 2014

Доколку добро ја познавате конституцијата на вашето тело може да изберете идеални парчиња, во кои ќе изгледате божествено.

Доколку имате поголеми гради треба да знаете дека постои граница до каде може да ги истакнете во однос на деколтето. Најдобро би било да не ставате дебел ремен околу струкот кој дополнително ќе стави акцент на вашите гради и да одберете фустан до колена кој ќе направи баланс во однос на горниот и долниот дел.

 

Доколку вашата телесна градба е рамна во однос на градите, струкот и колковите, тогаш најдобро би било да носите фармерки со машки крој кој може да ги комплетирате со чевла на висока потпетица за да ја истакнат вашата женствена страна.

Девојките кои имаат телесна структура како балерини може лесно да експериментираат со кратите фустанчиња со необични форми и принтови кои перфектно ќе ги истакнат нивните нозе. Нивната конструкција дозволува микс на нијанси без притоа да се плашат дека ќе изгледаат покрупно или ептен слабо во некој модел.

 

Комбинезоните се можеби еден од најбараните трендови сезонава, а овој модел најдобро би било да го носат девојките со структура како песочен часовник. Прекривањето на облините со комбинезоните е најдобар избор доколку скаате да изгледате модерно, а сепак примамливо во секој поглед.

Девојките кои имаат мал граден кош имаат поголема предност во одбирањето на модели со впечатливо деколте, а тука е краткиот топ кој е апсолутен хит сезонава. Секако за храбрите девојки препорачуваме ваквиот модел да го носат без градник.

Широките колкови може да бидат вистински проблем доколку не знаете да искомбинирате парчиња во кои тие нема да бидат целосно истакнати. Ние ви препорачуваме да носите панталони со А-крој кои се идеални за прекривање на овој дел од телото.

Доколку телеснста конструкција ви е таква што средниот дел од телото привлекува најмногу внимание, најдобро би било да одберете маица или фустан кои нема да бидат струкирани. Доколку се одлучите за фустан, најдобро би било должината да биде од колената за да не бидете целосно затворени и да кокетирате со интересен избор на чевли.

Дамите кои имаат долго торзо може перфектно да го истакнат струкот со носење на пенкало здолниште кои во однос на пропорциите ќе допринесат визуелно вашите нозе да изгледаат подолго.

Широките рамена и малите колкови може да допринесат да изгледате смешно доколку не направите правилен избор на облека. Токму затоа ние ви препорачуваме да носите макси здолништа со А-крој кои ќе допринесат да направите баланс помеѓу широките рамена со прекривање на колковите поради кројот на здолништето.

 

Објавено:
2 јуни 2014
Категорија: 
Направи сам