Бидете внимателни при креирањето на вашиот стил. Никој не е роден со совршен стил, но сепак некои работи треба да се избегнуваат, а кои се тие прочитајте во продолжение.

Чизми на лето

Не постои поим „летни чизми”. Чизми на боса нога и + 30 степени не е ни најмалку удобно, а ниту пак убаво за око.

Превисоки штикли

Кога жените ќе одберат штикла која ја надминува просечната висина од 10 сантиметри и притоа не знаат да одат на толку висока потпетица и да изгледаат убаво, веднаш оставаат погрешна слика.

Деколте до папок

Дури и најзгодната девојка со прекрасно тело и убави гради може да изгледа ефтино во вакво деколте.

Ептен кратки маици

Овој тип маици не се комбинираат лесно, а особено кога се работи за дневна комбинација. Па затоа, доколку немате со што да ја искомбинирате, најдобро би било да избегнувате да ја носите.

Фармерки со низок струк и извадена танга

Навистина е вулгарно кога тангата е целосно извадена надвор од вашите фармерки

Фустан, а не маица

Моментално младите девојки обидувајќи се да привлечат внимание носат толку кратки фустанчиња што не се знае дали се работи за маица или едноставно немале доволно материјал при изработката на истата.

Големи очила

Секој оптичар ќе ви каже дека не треба да купувате очила за сонце кои ви ги прекриваат веѓите во целост, па бидете внимателни при изборот. Не мора секогаш да биде жртва на модата по секоја цена.

Објавено:
2 јули 2013
Категорија: 
Направи сам