Направете сами: Крема за околу очите што ги отстранува брчките

19 октомври 2018

Она што ви е потребно за оваа едноставна, но исклучително ефективна крема се три сосема природни состојки, а постапката е супер едноставна.

Прекрасната домашна крема се нанесува на подрачјето околу очите два часа пред да одите на спиење, а резултатите се одлични.

Имено, станува збор за крема што ќе ја омекне вашата кожа и ќе ја направи нежна и мазна каква што секоја дама посакува.

Кремата не морате да ја користите исклучиво само за подрачјето околу очите, туку е одлична и соодветна и за целото тело. Главната состојка е маслиновото масло за кое веќе знаеме дека е одлично за заштита и регенерација на кожата.

Потребно:

-Две лажици кокосово масло

-Две капки масло витамин Е

-Две капки етерично масло од темјан

Постапка:

Во длабок сад ставете го кокосовото масло со витаминот Е и маслото од темјан и добро мешајте со лажица додека смесата не се соедини. Ставете го во мало кутивче во кое претходно имавте некоја друга крема, но добро измијте го. Од кремата нанесете на подрачјето околу очите со нежно масирање, два часа пред спиење.

Кремата чувајте ја во ладилник.

Извор: 24sata.hr

Објавено:
19 октомври 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.364 пати