Направете сами празнични украси што ќе ви го разубават амбиентот

6 декември 2016

Годинава обидете се сами да направите празнични украси со кои ќе си создадете само ваш магичен свет за време на новогодишните празници.

Така ќе заштедите финансии, а ќе потрошите квалитетно време со своето семејство (потрудете се секој член да има одредена улога во креирањето на празничната атмосфера).

За овие украси што ќе ви го разубават домашниот амбиент, може да искористите предмети кои веќе ги имате во вашиот дом, а едноставно немаат функција и со малку фантазија и креативна умешност (секако и со помош на нашите идеи), да создадете шармантни декоративни елементи со празнична тема.

Инспирирајте се.

 

Објавено:
6 декември 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
10.546 пати