Направете си сама бохо венче за оваа есен

13 ноември 2013

Иако ваквите венчиња беа неизбежен детал од нашиот стајлинг во текот на летото, ние некако не можеме да се одвоиме од нив и решивме да останеме нивни обожавателки и во текот на есента.

Со оглед на тоа што времето сега е постудено, немате потреба да ја соберете косата во опавче или кок па дури потоа да го ставите венчето, туку едноставно, пуштете ја вашата коса и украсете ја со овој неверојатно сладок моден додаток.

Она што можете да го направите, е да соберете неколку од венчињата што ги купивте летоска и да си направите едно, впечатливо бохо, есенско венче.

Ова е исто така совршен начин да ја сокриете косата во оние денови кога баш и ја немате сета самодоверба на светот.

Уште веднаш, соберете неколку тенки венчиња во бои што ќе ви одговараат, земете една мала, црна лента и зашијте ги сите на неа.

Зашто да носите само едно, кога можете сите одеднаш!

Објавено:
13 ноември 2013
Категорија: 
Направи сам