Еве една супер идеја како да го освежите вашиот летен стајлинг, а при тоа сами да си направите едно свое, мало ремек дело – бохо клач чанта.

Сигурни сме дека овој „направи сам" проект ќе ја разбуди вашата креативност, а покрај тоа, без да вложите многу финансии, ќе си направите практична и стилска бохо чанта што ќе може со себе да ја понесете и на плажа.

Потребни ви се:

*сламена клач чанта
*лепило за ткаенина
*разнобојни траки и пом пом топчиња

Откако ќе нанесете лепило по должината на сламената чанта, подредете ги украсните елементи по ваша желба и залепете ги.

На крај може да ги додадете пом пом топчињата со што ќе ја заокружите целата украсна композиција.
Имајте во предвид дека треба да ставите поголема количина лепило, а тоа подразбира и подолго време за сушење.

Забавувајте се!

Извор: modamo.info

Објавено:
2 мај 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
692 пати