Направете си сами модерно тексас мини здолниште

19 август 2013

Модното парче кое дефинитивно ја одбележа модната ревија на Сен Лоран за есен-зима 2013/14 е тексас здолништето украсено со интересни модни додатоци. Гледајќи го ова дојдовме до идеја дека и ние самите можеме да го имаме здолништето на Сен Лоран во нашите плакари. Сигурно по дома ви се наоѓаат парчиња метален накит од скинати ѓердани, алки, скршени прстени или обетки. А ако немате ништо такво не е страшно, отидете во првата продавница каде се продаваат монистри, метални парчиња, бисери, камења, тантела и сл. и купете си од се по малку. Кога ќе дојдете дома релаксирајте се и почнете. За вашата креација да биде целосна ви треба и малку тенка жица, игла и конец и ножици.

 

 

Земете ги деловите накит и спојте ги како што сакате, а потоа нанесете ги на здолништето, околу делот со џебовите. Не мора апликацијата од двете страни да ви биде иста. Така моделот ќе стане уште поинтересен. Зацврстете ја апликацијата од накит со тенката жица, а потоа сошијте ја убаво. Можете да купите и бои за ткаенини кои во својот состав содржат светкави пигменти па да си направите уште по гламурозно здолниште, ама затоа сепак вие одлучувате.

 

Ревијата на Сен Лоран

 

Погледнете ја галеријата која ќе ви послужи како водич во целиот процес. Уживајте во вашиот фантастичен свет полн со идеи и иновации.

Објавено:
19 август 2013
Категорија: 
Направи сам