Направете си уникатна закачалка!

25 април 2014

Речиси и да не постои дом без закачалки, затоа денес ќе го фокусираме вниманието врз неколку нестандардни и исклучително ефектни идеи, за тоа како сами може да го креирате овој потребен елемент за внатрешно уредување.

За љубителите на модата, но и за оние девојки што поседуваат голем број на модни додатоци како накит, шапки, марама и чанти, закачалката е неизоставен дел од нивното секојдневие. Она што треба да го направите за да создадете креативно и фантастично решение со кое ќе го решите вашиот проблем со поредувањето на модните додатоци е само малку имагинација, нестандардни материјали што ќе ви се најдат при рака и малку боја.

Принципот и начинот на работа е секаде ист. Ви треба рамен и долг предмет, дури гранка од дрво ќе ви заврши работа, важно е да е цврста и да има доволно широка основа, на која ќе прицврстите тапи, рачки од скршени шрафцигери, макари со конци во различни бои, пластични чинии што ќе ги обложите со материјал или ткаенина што ви останале по дома или некои други непотребни предмети што ви се наоѓаат при рака. Додадете им малку боја за да добиете весела закачалка која ќе го освежи просторот и прицврстете ја на ѕидот и почнете со закачување на додатоците. Неправилните форми и користењето на нестандардни рачки ќе придонесат да му дадете еден невообичаено уметнички дух на ентериерот во вашиот дом, без притоа да потрошите ниту денар.

drift5

 

Објавено:
25 април 2014
Категорија: 
Направи сам