Направи сам: Новогодишен украс Дедо Мраз по примерот на Елена Лука

25 декември 2018

Во време кога празничната магија е секаде околу нас, да направиме и нашиот дом да блесне во најубаво светло и со најубави украси.

Доколку сè уште не сте ја украсиле елката или пак не сте ги нашле совршените украси, ние денеска ќе ви покажеме како истите да ги направите сами.

Дизајнерите од модната куќа Елена Лука направија неколку преслатки украси со ликот на Дедо Мраз и чекор по чекор нѝ покажуваат како истите да ги направиме и дома.

Она што прво е потребно е да го нацртате ликот на Дедо Мраз во посакуваната големина на хартија, потоа да го исечете внимателно и истиот да го исцртате на материјал за подоцна да можете да го исечете.

Основата нека биде материјал во крем нијанса додека предниот дел, односно лицето и брадата во бела боја.

Ставете му копчиња како очи и интересен и впечатлив нос направен од материјал во крем нијанса што потоа го полниме и секако, сосема на крај, од страните поминете го со јак црвен конец.

Направете неколку вакви впечатливи украси и оваа година вашата новогодишна елка нека биде во центарот на вниманието.  

Доколку имате време, направете им еден ваков украс и на вашите најблиски и тоа нека биде совршениот уникатен подарок за Нова година.

Погледнете го видеото, набавете материјали и почнете со креирање уште денес.

Објавено:
25 декември 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
331 пати