Направи сам: Омекнувачи за алишта

25 април 2017

Веројатно на повеќето од вас ви се случило да се подготвувате да ја пуштите машината за перење алишта, но да не забележите дека всушност веќе сте го потрошиле омекнувачот.

Во такви ситуации можете да си помогнете со омекнувач направен во домашни услови, со намирници што секој ги има во домот.

Токму во продолжение ви презентираме неколку такви брзи S.O.S. совети:

1.Во чаша вода додајте пола филџан сода бикарбона, а добиената смеса додајте ја во делот за омекнувач. Можеби облеката нема да мириса толку интензивно како што се навикнале, но затоа ќе биде исклучително мека, затоа што од сите состојки, содата најмногу ја омекнува водата.

2.Вински оцет. Веројатно мислите дека премногу лошо ќе мириса, но  дефинитивно ова е една од најпопуларните методи. При перењето, силниот мирис воопшто не се чувствува и облеката е совршено мека. Доколку сакате, во делот од машината наменет за омекнувач, со оцетот ставете неколку капки етерично масло и ќе го добиете саканиот мирис.

3. Облеката при перење можете да ја омекнете и со уфрлување на мали алуминиумски топчиња во делот од машината за сушење облека. Но, доколку перење чувствителна облека, тогаш оваа метода не ја практикувајте.

Објавено:
25 април 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
415 пати