Направи сам: ориентален аксесоар за коса

30 јануари 2014

Овој тренд е прилично нов, а доколку ви се допаѓа, не морате да тргнете во портага низ продавниците за да најдете сличен, туку можете да го изработите сами. Изгледа интересно и ориентално, а се што ви е потребно е:

-Клешта за накит

-2 шноли-чешлиња

-Неколку видови на синџири во нијанса по ваш избор

-кружни спојувалки за синџирите

 

Постапката на изработка е многу едноставна, а финалниот аксесоар ќе го имате за само неколку минути. Се што треба да направите е да ги прикачите краевите на синџирчињата со двете шноли, а потоа да си направите фризура како од фотографијата погоре.

За вториот модел на овој аксесоар за коса, ќе би биде потребно:

- еластично венче

-клешти

-повеќе тенки синџирџиња

На секое прекршување од еластичното венче аплицирајте го едниот крај на синџирчето, а другиот оставете го да виси. Во зависност од вашиот вкус, направете го повеќе или помалку богато со синџирџиња.

 

 

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Направи сам