Направи сам: ракавици скроени по ваш терк

6 декември 2013

 

Чувството да имаш себе креација што сам си ја создал, е неповторливо. Така ќе бидете единствени и ќе уживате во многу комплименти за уникатното дело. Дури и да не сте вешти со ножиците и иглата, денес ќе ви објасниме како сами да ги трансформирате старите ракавици во нови или на обичните нови ракавици да им дадете сопствен печат.

Потребни состојки:

Еднобојни ракавици, ножици, игла, конец и декоративни елементи, украси, панделки, копчиња, бисери или монистра, во зависност од вашите потреби, замисли и желби.

 

 

Прво исечете ги прстите на ракавиците, а потоа,  горниот дел од исечените прстите свијте ги навнатре и зашијте го за да создадете раб, како ракавиците во иднина не би се разресиле, ако добро маневрирате со машина за шиење, изработката ќе виде пофина. Ако пак, немате добри шивачки вештини, тогаш можете да купите ракавици на кои прстите им се веќе исечени.

 

 

Следува последната фаза, онаа најкреативната, декорирањето на ракавиците. Во продолжение еве неколку начини и идеи како можете да  ги украсите вашите ракавици. Следете го вашиот стил, внимавајте декорацијата да ви биде во согласност со бојата на вашата гардероба, фантазирајте, отворете неколку интернет страни видете ги предлозите таму и одлучете која варијанта е најсоодветна за вас. Среќно!

 

Објавено:
6 декември 2013
Категорија: 
Направи сам