Направи сам: Трајбал принт шорцеви

19 мај 2014

Топлата сезона веќе е на прагот, затоа ви предлагаме две идеи како да ги трансформирате кратките шорцеви што сте ги носеле минатото лето, а веќе ви досадиле. Предлог идеите се доста оригинални и веруваме дека ќе ви се допаднат. Се што ви е потребно освен кратките панталони е: белило или варикина, линиар, молив, ножици, текстилна боја. За првиот модел постапката почнете ја со тоа што половина од џинс шорцевите ќе ги потопите во белилото и ќе ги оставите да отстојат се додека не побелат. Потоа откако ќе се исушат со линеарот исцртајте трајбал форми кои ќе ги исполните со текстилна боја нанесуваќи ја со тенка четкичка. За втората идеја на лист хартија исцртајте форми по ваша желба, изрежете ги, а шаблонот поставете го врз панталоните и почнете да боите. Откако  бојата  ќе се исуши, вашите нови кратки панталони се подготвени за „прошетка“.

Идеја бр.1

 

Идеја бр.2

Објавено:
19 мај 2014
Категорија: 
Направи сам