Направи сам: Тренди венче за секоја пригода!

12 март 2019

Веројатно некаде низ домот имате малку материјал што не ви е потребен, па викендов можете да го пронајдете и да направите фантастичен проект со кој можете и да се релаксирате.

Во моментов вистински хит се аксесоарите за коса, па „направи сам“ проектот што ви го претставуваме денес е поврзан токму со нив.

Со само малку труд и материјали што веројатно ги имате дома, ќе направите вистинска уметност.

Потребно:

-Материјал по избор

-Жица

-Силиконски „пиштол“

-Ножици

Постапка: 

Одберете материјал што најмногу ви одговара за да можете венчето подоцна да го комбинирате со повеќе парчиња од вашиот плакар. Она на што единствено треба да се концентрирате е материјалот да биде лесен, за да може да работите со него.

Измерете колку материјал ви е потребен и оставете малку вишок за секој случај. Исечете три парчиња жица со истата должина.

Секое парче жица обложете го со соодветно парче материјал и не грижете се да изгледа совршено. Откако ќе ги обложите сите жици со материјал, направете плетенка која треба да е добро зацврстена, особено на краевите.

Сосема на крајот, одвојте малку материјал за добро да ги обложите жиците за да не ве изгребат кога ќе го носите венчето и залепете го со силиконскиот „пиштол“.

Отстранете го остатокот од материјалот и уште еднаш добро зацврстете го со силикон и оставете да се исуши.

Инфо и фото: Diys.com

Објавено:
12 март 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
913 пати