Направи сама: Новогодишна, светкава клач чантичка

25 декември 2013

Уште помалку од една недела не дели од пристигнувањето на Новата година. Вечер на светкави комбинации, исполнети со многу накит, модни додатоци и интензивна шминка.

Доколку се уште не сте се решиле за тоа каква чантичка сакате да носите, а имате одредено комбинација, одвојте малку од вашето време и направете си ја сама.

Потребни материјали:

- Парче сребрена и кожа во златна боја (или друг светкав материјал што ќе го одберете)

- Парче бел материјал

- Парче црн материјал

- Златна лента

- Ножици

- Пиштолче со лепак

Почнете со тоа што ќе ги измерите парчињата материјал и ќе одредите колкава сакате да биде вашата чантичка.

Внимателно испеглајте ги материјалите (одберете кожа или материјали за кои сте сигурни дека нема да изгорат) и наредете ги како на фотографијата.

Внимателно залепете ги и сошијте ги заедно на вашата машина за шиење. Превртете ја чантичката така што едната страна ќе биде со сребрениот материјал, а другата со златниот.

На крајот, залепете ја златната лента која што ќе ви служи за отворање и затворање на чантичката. Доколку сакате, ставете си дел од златната лента и чантичката закачете си ја на половината.

Уживајте во блескавата Нова година!

Објавено:
25 декември 2013
Категорија: 
Направи сам