Научете како да се облечете слоевито

17 октомври 2013

20

Есента е годишно време кога температурите варираат, па најдобриот начин да се облечеме е слоевито. За среќа ваквиот начин на облекување е секогаш актуелен тренд, па жените можат комплетно да го искористат своето модно знаење и да креираат интересни и единствени комбинации.

Во продолжение видете и прочитајте за неколку интересни комбинации кои можат да ве инспирираат, а притоа се дел од клучните парчиња за претстојниот период.

1 skinny

1.Тесни фармерки

Секоја жена треба да има вакви фармерки, секако прилагодени на градбата, затоа што нив ќе може да ги комбинира на милион начини. За кафе со пријателките можете да ги комбинирате со рамни чевлички, а за вечерни излегувања со чевли со висока потпетици. Во класичните „цевка“ фармерки можете да облечете речиси се - обична маица или подебела блуза, во зависност од температурите... изборот е ваш.

2 vesta

2.Еднобојна блуза

Квалитетна еднобојна блуза може да се искористи во бројни комбинации. Може да се носи со фармерки, кожени панталони, здолниште...

4 traper

3.Тексасна кошула

Тексасната кошула може да се носи под широките шарени пуловери, а ѕвездите како Шарлиз Терон сакаат да ја комбинираат со џинс во потемна нијанса.

5 kaput u boji

4.Капут во боја

Капутот е клучно парче облека во зимските месеци, и тоа е првото нешто што го забележуваме кај некого. Одвојте време и пари за да си купите капут што ќе биде единствен и во кој ќе се чувствувате удобно. Изборот е неограничен, а наш предлог е капут во боја во која нема да пројдете незабележливо.

6 čizme

5.Чизми до колена

Добри чизми целата модна комбинација можат да ја подигнат на едно сосема ново ниво, па според тоа не е потребно посебно да се објаснува зошто чизмите се на листата на клучни нешта што мора да ги имате. Одберете некои што можете да ги носите со повеќето секојдневни комбинации.

6 čizmea

6.Волнен фустан

Волнениот фустан е омилено парче на многу жени и тоа од две причини. Прво затоа што грее. Освен тоа може да се носи секој ден со чевли, разни чизми на ниска пета, па и високи чизми. Исто така, може да се искористи и за посвечени пригоди, со хулахопки и високи потпетицци. Волнениот фустан е одлично парче за деновите кога надворешните температури се под нулата, а вие немате инспирација за облекување.

l

7.Шал со принт

Шаловите се неизбежен моден додаток во текот на есента и зимата, па бидете инвентивни. Можете да си купите еден до единствен принт кој ќе го истакне вашиот стил и ќе му додаде доза на веселост. Шалот не само што ќе ја разубав севкупната комбинацја, туку и ќе ве стопли.

8 šal

koktel

8.Фустан без ракави

Класичниот еднобоен фустан е парче кое под сако може да се комбинира за деловен изглед, а може да послужи и за коктел-парти за после работа. За дополнителна доза на елеганција, комбинирајте ја со салонки и плик чанта.

Всушност, во слоевитото облекување нема посебни правила. Сепак, не „трпајте“ облека за да не изгледате како се што имате дома да сте ставиле на себе. Бидете креативни, но не одете во крајности.

11

12

13

16

17

19

Објавено:
17 октомври 2013
Категорија: 
Направи сам