Нека вашиот дом мириса на празници со помош на овие три зачини

20 декември 2016

Нема ништо поубаво во текот на зимата од добро друштво во топол дом, вкусна храна и мирис што секогаш не потсетува на магичните празници.

Веројатно се сеќавате на миризбата од детството кога вашите мајки или баби готвеа вкусни јадења или чаеви и слатки во кои секогаш уживавте за време на празниците.

Овие три зачини дефинитивно ќе ве потсетат на едно многу убаво време, а сега можете и вие да ги употребите при печењето пити и разни колачи, но и неодоливи супи и солени рецепти за уште потопла зима.

Неодоливо вкусните зачини во вашиот дом ќе направат една неодолива атмосфера и совршена хармонија, а секако тие имаат и други бројни предности.

Ѓумбирот ќе ви ги намали мачнините во стомакот, а циметот ќе ве заштити од разни болести и вируси кои се постојано присутни во зимскиот период.

Додајте ги овие зачини во внимателно одбрани јадења и ви ветуваме совршена миризба и неверојатно уживање во секој агол од вашиот дом.

1.Рузмарин

Овој зачин е полн со витамини и минерали, а најмногу е корисен за неутрализирање на дејството на силната и масна храна на организмот. Одличен е како зачин кога спремате јагнешко, но се користи и за пилешко и сите други видови месо, но и за варено вино.

2.Ѓумбир

Свежиот корен од ѓумбир се користи за исфрлување на токсичните материјали од организмот, а делува и како антисептик. Овој прекрасен зачин се користи и како одличен лек против исцрпеност и умор, а се препорачува да се користи наутро со некој чај по избор.

3.Цимет

Веќе знаеме дека циметот е совршен за забрзување на метаболизмот, тој е совршен за детоксикација, одличен е за вашата кожа, а нема ништо повкусно од пита со јаболка и цимет во студените зимски денови! 

Објавено:
20 декември 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
470 пати