Неодолив украс за уникатен изглед на вашите ѕидови

2 февруари 2016

Доколку во вашиот дом имате некој ѕид со кој не знаете што да направите или пак дел во бањата на кој очајно му треба украсување, имаме попладневна задача за вас. 

На едноставен начин и со многу малку потребни работи ќе направите прекрасен украс што ќе изгледа неверојатно добро каде и да го поставите, пишува fashion.hr.

Без разлика дали ќе се одлучите да го поставите во бањата, детската или дневната соба, но и кујната, најпрво потребна ви е исклучително стабилна закачалка која ќе ја поставите на празен ѕид. 

Веднаш потоа, набавете си две до три тегли или вазни со различна димензија, но внимавајте да не бидат многу големи бидејќи кога ќе ги наполните со вода, можат да тежат. 

Со цврст коноп, добро зацврстете го грлото на првата тегличка, оставете малку конец надолу, па постапката повторете ја и со другата и третата. 

Добро прицврстете го конопот за поставената закачалка на ѕидот, па наполнете малку вода и сосема на крајот, ставете ги цвеќињата што ви се допаѓаат во секоја вазна. 

Ова ќе биде одличен украс во било кој дел од вашиот дом и ќе предизвика воздишки кај секој посетител! 

Објавено:
2 февруари 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.063 пати