Неверојатно вкусен мус од портокал за зимска идила

10 ноември 2016

Веќе доаѓа времето на најубавите зимски овошја, а меѓу нив се и портокалите и мандарините.

Покрај тоа што се едни од највкусните овошја, тие се и многу здрави, а оваа зима сакаме да ги консумираме во различни варијанти – во десерти, како сок, во овошни салати или пак како слатко или џем.

Портокалите и мандарините можат да послужат како супер материјал за совршено суфле или мус. Во продолжение погледнете го рецептот за мус од портокал за кој знаеме дека ќе ви биде омилен во студените денови што доаѓаат.

Потребни состојки:

-2 портокали/мандарини

-120 грама шеќер

-4 кесички желатин

-250 гр. неутрално сирење

-20 мл. ликер од портокал

-200 мл. слатка павлака

-50 гр. шеќер во прав

-Малку нане

Подготовка:

Ставете го желатинот во вода и измијте ги портокалите. Исечете ги портокалите на половина и добро извадете ја внатрешноста за кората да ви остане целосна. Направете сок од портокалите, па измешајте го сирењето со сокот и ликерот. Растопениот желатин ставете го во смесата. Од слатката павлака и шеќерот во прав направете шлаг, па внимателно ставете го и него во смесата. Оставете ја во ладилник да стои шест часа. Кората од портокалот ќе ви послужи како сад за послужување на мусот, па ставете ја малку во зовриена вода со 100 грама шеќер и потоа извадете ја да се исцеди и извалкајте ја во шеќер и оставете да постои малку во ладилник. Наполнете ги со смесата и мусот може да биде послужен, украсен со неколку листови нане.

Објавено:
10 ноември 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.167 пати