Носиме костими за капење и кога не сме на плажа – еве како ги комбинираме

11 јули 2018

За време на летната сезона, костимите за капење се во фокусот на вниманието кога сме на плажа. Но, ова летно парче може да најде примена и во нашиот секојдневен, летен, кежуал стил, соодветно комбиниран.

Во таквите комбинации, најсоодветни се костимите за капење во елегантен крој со симплифициран дизајн и најчесто во монохроматски варијанти. Така наједноставно се комбинираат со останатите летни парчиња.

Како интересен пример ќе го посочиме спојот на едноделен костим за капење со тенки прерамки и здолиште со копчиња, на преклоп како и горен дел од дводелен костим за капење со џинс или панталони со висок струк.

Повеќе инспирација ќе најдете во галеријата во продолжение.

Фото извор: Питерест

 

Објавено:
11 јули 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
690 пати