Марамите ги обожуваме поради нивната мултифункционалност. Ги носиме врзани околу врат, на глава, вплетени во коса, на плажа околу струк или едноставно како наметка врз омилениот фустан.

Но, овој период од годината кога се актуелни летните одмори имаме уште една дополнителна инспирација како да ги носиме марамите – како алтернаива на краток топ.

Интересен начин како да го освежите вашиот летен имиџ без да купувате нови парчиња облека. Одберете ги омилените марами што веќе ги имате во вашиот плакар и најдете ги соодветните кратки панталони, здолништа или панталони со висок струк – за совршената комбинација.

Ние ви посочуваме неколку шик комбинации во продолжение.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
12 јуни 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
912 пати