Облечете се по примерот на познатите ѕвезди

14 март 2014

Доколку го негувате класичниот изглед, направете спој на белата и беж нијансата. Односно одберете класично бело сако, бели панталони и бела чанта и комбинирајте ги со чевли со шпиц во беж нијанса, а од накит одберете нежни обетки кои ќе бидат доволни за комплетирање на изгледот.

Бруклин Декер Бруклин Декер

Спортските варијанти никогаш не изгледале помодерно. Одберете блузон и широки панталони или пак комбинирајте ги панталоните со маица без ракави и кратка јакна, доколку сакате да изгледате кежуал. Изгледот надополнете го со голема чанта, очила за сонце и патики. Ова е идеална комбинација за утринско кафе или прошетка во парк.

Кара Делевињ Кара Делевињ

Доколку сте фан на пастелните нијанси, точките или цветните мотиви, тогаш ова е идеална комбинација за вас. Одберете фустан или здолниште со точки, краток топ, сако, чанта, моден додаток за коса и чевли со цветен принт.

Ел Фенинг Ел Фенинг

Лежерниот комфорен стајлинг е идеален за секоја пригода. Одберете здолниште во црна нијанса и комбинирајте го со бела маица. Изгледот надополнете го со мантил кој е задолжително парче за овој период од годината а и добро е да го поседувате бидејќи одлично се вклопува во сите комбинации. За крај одберете чанта во црна нијанса исто како и очилата за сонце и рамните чевли.

Ема Ватсон Ема Ватсон

Бидете инвентивни во комбинирањето на парчиња со пруги, односно блузата комбинирајте ја со широко здолниште со реси до колената, но разбијте ја монотонијата  со црвени балетанки со метален шпиц, црвена чанта и очила за сонце со црвена рамка.

Еми Росум Еми Росум

Изберете кежуал изглед за дневен стајлинг. Облечете хеланки, блуза во три различни нијанси, едноставна црна јакна, мала чанта и високи патики.

Џоан Смалс Џоан Смалс

Хеланките може да ги комбинирате и на малку полежерен начин. Црните хеланки комбинирајте ги со бела маица со длабок V израз и краток топ, голема чанта, балетанки во црно – бела комбинација и очила за сонце.

Лили Алдриџ Лили Алдриџ

Објавено:
14 март 2014
Категорија: 
Направи сам