Основни правила на скандинавскиот стил на облекување

10 мај 2017

Еден од оние универзално допадливи стилови на облекување, без двоумење, е скандинавскиот.
Минимализмот, едноставноста и удобноста, се неговите основни карактеристики, поради кои го обожуваат и го применуваат во својот имиџ бројни трендсетери.

Постојат неколку основни правила врз чија основа се гради овој карактеристичен начин на облекување:

Миксот е основен елемент на скандинавскиот стил

Бидејќи чистиот естетски израз и минимализмот се суштината, ваквиот начин на облекување дозволува микс во однос на различни типови модни додатоци, дезени, материјали...

Внимателно планирање на буџетот

„Ние сакаме да купуваме облека со потпис на големи дизајнерски имиња, но истовремено нашата цел не е целиот личен буџет да го потрошиме само на гардероба. Затоа внимателно купуваме и правиме комбинација на дизајнерски и комерцијални парчиња кои се со пристапни цени", вели скандинавската блогерка Џенет Фрис Мадсен.

Инвестирајте во секојдневни парчиња

Скандинавците вложуваат пари во облека што сакаат да ја носат секој ден. Џинс, кошули, маички или блејзери, никогаш доста.

Игра со сезонски парчиња

Земајќи в предвид каква е скандинавската клима, слоевитото облекување е сосема логичен начин на комбинирање на парчињата. А тоа подразбира и микс на различни парчиња соодветни за различни сезони, како на пример омилениот флорален летен фустан во спој со топлиот, зимски плетен џемпер.

Акцент на удобноста

Еден факт е најгласен во скандинавскиот стил: удобноста е приоритет. Кога се чувствувате пријатно во тоа што го носите, имате поголема самодоверба, а тоа околината го забележува.

 

Објавено:
10 мај 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.331 пати