Ова е рецептот за најпопуларните колачи на Пинтерест

12 јануари 2017

Веројатно овие колачи се едни од најпознатите и можеби највкусните кои некогаш биле направени, а рецептот за истите е неверојатно лесен и едноставен.

Иако поголемиот дел од празниците помина, доколку имате некое слободно попладне тогаш ова е рецептот на кој ќе се радуваат сите.

Овие слатки колачиња со мармалад и путер се чест избор кога станува збор за семејните дружби, особено во зимскиот период. Она што изненадува е фактот што токму овој рецепт на социјалната мрежа Пинтерест е споделен повеќе од 270.000 пати, а денеска ви го пренесуваме во  целост.

Состојки:

Една шолја путер

½ шолја шеќер

¼ шолја шеќер во прав

Две лажици екстракт од ванила

1/8 лажица сол

Две шолји брашно

Џем по вкус

Подготовка:

На средна брзина со миксерот измешајте го путерот и шеќерот. Додајте ја ванилата и солта. Постепено префрлете го миксерот на послаба брзина и додајте го и брашното. Доколку тестото е лепливо, оставете го да постои 30 минути. Од тестото направете мали топчиња и во средината оставете малку простор за џемот. Додајте малку од џемот по ваш избор со помош на шприц. Загрејте ја печката на 180 степени и на хартија за печење ставете ги колачињата во тавата. Печете додека колачињата не добијат златно кафена боја. Доколку сакате, направете форми со калапче и печете ги на ист начин со тоа што откако ќе се испечат ќе ги намачкате со џем. На крајот, наросете со шеќер во прав.

Добар апетит! 

Објавено:
12 јануари 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.369 пати