Парчиња што најдобро облечените жени никогаш не ги носат

14 септември 2017

Во потрага по што подобар изглед, жените честопати бараат инспирација во познатите личности, модните магазини и актуелните трендови.

И речиси секоја, според своите можности се труди да го усогласи она што е тренди, со личната естетика.

Ако зборуваме за најдобро облечени жени, тогаш првата асоцијација се Французинките. Постојат непишани правила што ниту една добро облечена односно стилизирана жена не ги прави, а ние ви ги пренесуваме во продолжение:

 

Ултра високи потпетици

„Една добро облечена Французинканикогаш не би облекла чевли со премногу висока потпетица. Никогаш нема да видите Французинка во чевли какви што на пример носи Лејди Гага“, изјави за WWD француската модна блогерка Лабериан Понтон.

Најдобро облечените жени на светот ја ставаат елеганцијата во преден план. Затоа, најчесто одбираат рамни чевли – балетанки, а ако треба да биде потпетица, тогаш класичните салонки се избор број еден.

Пуш ап градник

Додека жентие ширум светот се трудат што повеќе да ги истакнат своите гради, Французинките не се ни оптоваруваат. Сигурни се во себе, па затоа нема да посегнат по еден од најпродаваните градници кај жените. Дури нема ни да го облечат.

Хулахопки во „месо“ боја

Модните стручњаци одамна не ги сакаа хулахопките што жените кај нас речиси секогаш ги носат. Илузијата на голи нозе за нив е непожелна и многу лош избор. Ако мора да се облечат хулахопки, тогаш нека се во некоја друга боја. А Французинките апсолутно се согласуваат со тоа.

Потенцирање на брендот

Минимализмот е примарен во стилот на Французинките. Тука нема место за претерување, како што сме навикнати да ги гледаме Италијанките на пример. Токму затоа, ретко ќе забележите и Французинка што ќе го истакне логото на некој познат бренд, нешто што жените на Балканот уживаат да го прават. Луксузот е начинот на кој се носи облеката, а не логото е едно од „правилата“ по кои Французинките се водат.

НЕ на спортската облека надвор од спортските активности

Тренерката и патиките се за сала за вежбање или активност на отворено. Французинките нема да ги видите во тренерка до продавница, или на шопинг. Уште помалку ќе ги видите во спортска варијанта за некоја посвечена пригода. 

Објавено:
14 септември 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
13.374 пати
Извор: 
zadovoljna.hr