Пет начини облеката да ве направи пет години помлади

1 септември 2013

1

Напорните вежби и часовите поминати пред огледало не ви значат многу, ако напорите да изгледате убаво ги бојкотирате со погрешен избор на облека.

Еве неколку совети како да ги искористите боите, пропорциите, за да се прикажете во подобро светло, само со помош на облеката да „намалите“ пет килограми.

Boot cut фармерки

Фармерките би требало да ве истакнуваат на вистинските места. Темните boot cut фармерки најдобро им стојат на поголемиот број жени, а можете да ги искомбинирате со долги туники или куси јакни што ќе ја истакнат вашата половина.

Облека која ја издолжува фигурата

Една од најголемите заблуди е дека големата, широка облека ве прави послаби. Еден од триковите е да го нагласите горниот дел со помош на долгги туники, шалови, или алки, за да изгледа долниот дел подолг.

Ткаенина со дезен и текстура

Фустаните направени од ваква ткаенина, ги сокриваат несовршеностите, додека деталите како брусни, ја комплементираат фигурата. Но, фустанот мора да биде во облик на песочен часовник, мошне припиен за тело. Ако се срамите од рацете, сокријте ги со помош на кратка блуза.

2

Нагласете ја половината

Волуменизираната бела туника можеби звучи како антитеза за слабеење со облека, но таа може многу добро да му стои на вашето тело. Половината нагласете ја со тенок ремен, а високите потпетици ќе направат да делувате повисоко.

Долги темни панталони/фармерки

Ако сакате да изгледате неколку сантиметри повисоки отколку што сте, долгите црни панталони се експресен начин да дојдете до тоа. АКо имате нешто поголем задник, тогаш панталоните искомбинирајте ги со бел топ.

Објавено:
1 септември 2013
Категорија: 
Направи сам