1. Самодоверба

„Ние самите најдобро знаеме што ни одговара. Доколку некој го пофали вашиот аутфит, но вие сепак не се чувствувате убаво во него, најдобро би било да не го повторувате истиот. Важно е да го пронајдете тоа што  одговара на вашата личност бидејќи стилот не е само тоа што го носите, туку и тоа што го покажувате. Тоа што сте” – објаснува дизајнерката.

2. Задолжителен дел од гардеробата – бела кошула

„Белата кошула изгледа убаво во секоја ситуација. Имам различни модели за различни стилови. Фармерките најдобро се комбинираат со кошула машки крој, а за службен изглед најдобро би било да носите бела струкирана кошула со здолниште”.

 3. Усните нека бидат ваш адут

„Секогаш носам кармин слива боја за да ги нагласам усните. Ми одговара, а и останатите веднаш го приметуваат”.

4. Внимавајте при изборот на ремен

„Во мојот гардеробер преовладуваат парчиња во бела, црна и сива нијанса, па ремените ги користам за да го разбијам монотониот изглед”.

5. Модните додатоци се клуч за целосен изглед

„Елеганцијата не се купува со пари. Можете да купите ефтин фустан, сиви чевли, чанта во впечатлива боја и убава марама и на тој начин да изгледате елегантно” – советува Каролина Херера.

Објавено:
9 мај 2013
Категорија: 
Направи сам