Пет совети од стилистката Лоис Џој Џонсон

29 март 2014

Во продолжение ќе ви понудиме пет совети кои ќе ви помогнат да го освежите изгледот, а при тоа да ја употребите гардеробата која ја поседувате.

Бидете храбри во комбинирањето на боите

Мислам дека сите можеме да извлечеме поука од изгледот на Мишел Обама, а тоа е дека благодарение на изборот на нијансите може да се издвоите од целата маса народ.  Црната боја ќе направи да изгледате исцрпено,а вистинскиот избор на нијанса може да направи да изгледате како да сте полни со енергија – советува Лоис.

Изборот на нијансите позитивно влијае на тенот и сјајот на вашата кожа, но и на позитивното расположение. Оние бои во кои се чувствувате добро, значи дека и најдобро ви одговараат.

Слоевите облекување

За да го избегнете неуредниот изглед, а сепак да бидете модерни следете го советот на стилистката, која предлага да започнете со парчето кое по материјал е најтенко и најдолго. Доколку станува збор за долга маица, прво ќе ја облечете неа, а врз неа ќе ставите блуза, па јакна во се пократка должина. Најдобро би било јакната да одговара или барем во нијансите да е приближно до бојата на хеланките или фармерките.

Фустан за секоја прилика

Фустаните се идеално решение кога имате проблем во склопувањето на посебни парчиња облека, а исто така се лесни за комбинирање со сандали и чизми, на ниска и висока потпетица – советува Лоис.

Идеална силуета

Стилистката ве советува да ги извадете од гардероберот сите парчиња кои ќе ви го истакнат вратот и нозете. Тоа не значи да посегнете по маицата со најдлабоко деколте, туку со минимален V израз и здолниште до колената. Ваквата комбинација визуелно ќе ги истенчи вашите нозе и ќе изгледате повисоко и поженствено.

Тенок ремен

Тенките ремени се идеално парче за дефинирање на стајлингот, а исто така го истакнуваат струкот. Единствено нешто на кое треба да се внимава е носење на ременот околу струкот, а не околу колковите.

Објавено:
29 март 2014
Категорија: 
Направи сам