Пет стилски совети на кои не научија нашите мајки

31 октомври 2016

Иако денеска на социјалните мрежи и бројните магазини и модни сајтови можат да се најдат безброј стилски совети, некако оние од нашите мајки ни се најдраги.

На нив се навикнавме уште од најмали нозе кога мајките ни говореа дека оваа боја треба да ја комбинираме со онаа или пак кога ни говореа за парчињата што секоја жена треба да ги има во својот плакар.

Иако можеби тогаш ни беа смешни и не ни се веруваше кога ни велеа дека добро треба да се грижиме за кожата за подоцна да немаме проблеми, денеска сфаќаме дека тие навистина имале што да кажат.

Веројатно се сеќавате на оние моменти кога ќе влезеа во соба кога се подготвувавме за некој настан и ќе кажеа дека нешто ни недостасува или пак нешто ни е вишок.

Тие секогаш не учеа да мирисаме убаво, да носиме крема за раце во чантата, задолжително ракавици во зима и никако да не излегуваме од дома средени и со малку кармин.

Сите тие се совети што навидум ги знаеме, но сепак секогаш со радост се потсетуваме на истите. Во продолжение потсетете се на најважните пет совети за кои знаеме дека барем еднаш ги слушавте од вашите мајки.

#Секоја жена во плакарот треба да има мал црн фустан

#Марамите се модни додатоци кои можат да ја трансформираат секоја комбинација

#Секогаш со себе носете парфем

#Во кутијата за накит секогаш да имате впечатливи ѓердани

#Секогаш добро грижете се за вашата кожа

Извор: Modamo.info

Објавено:
31 октомври 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.206 пати