Пет заповеди од Том Форд за мажи со стил

6 септември 2013

Кога Том Форд зборува за стилот на посилниот пол, тогаш неговото мислење треба да се испочитува. Овој харизматичен дизајнер со префинет вкус ги нуди своите пет правила за сите мажи што ја почитуваат модата, а притоа градат или изградиле свој сопствен стилски печат. Тој е доста строг,  но многу реален, читајте во продолжение...

-Треба да изгледате како најдобрата визија што сте си ја создале за себе, зашто тоа го покажува вашето почитување кон останатите луѓе што ве опкружуваат.

-Денешниот џентлмен мора да има добра работа. Луѓето што не работат се досадни и обично само се досадуваат. Морате да бидете страстен, ангажиран и да допринесете во светот. Работата и тоа како го гради стилот кај една личност.

-Манирите се многу важни, односно треба да знаете кога нешто одговара а кога не. Секогаш ја отворам вратата за жените, им го придржувам капутот, внимавам да се движат на внатрешната страна од пешачката зона. Станете кога луѓето доаѓаат или си одат од масата на која вечерате.

-Немојте да бидете претенциозни, расисти или сексисти и немојте да ги судите луѓето според нивната животна позадина.

-Вистинскиот маж никогаш не треба да носи кратки панталони низ град. Апостолките и кратките панталони никогаш не се пристојни за јавно место. Кратките панталони треба да ги носите само на плажа или додека спортувате.

Том важи за маж со вистински стил, а ретко постои жена што негативно го коментира. Оттука вие одлучете како и дали ќе ги применувате заповедите на Том Форд.

Објавено:
6 септември 2013
Категорија: 
Направи сам