Поинакви начини да носите марама оваа есен

3 октомври 2016

Веќе сите знаеме колку голема моќ имаат модните додатоци, а свилените марами се едни од најголемите класици на сите времиња.

Ако мислевте дека тие се носат единствено под јаките на кошулите или пак на зимските палта, тогаш вие навистина грешите.

За оваа есен, трендстерките смислија неколку нови начини за носење на вашите омилени свилени марами, а ние веруваме дека ќе ги обожувате сите до еден.

Низ улиците на познатите модни градови најчесто можеме да видиме стајлинзи во кои девојките марамите ги врзуваат на вратот со јазол во предниот дел, а истите без проблем ги комбинираат со спортски блузони.

Доколку оваа есен ремените ви се здодевни, тогаш свилените марами со принт се совршениот начин да го разубавите секој чифт фармерки или панталони.

Подеднакво интересни се и врзаните марами околу рачките од чантите, оние околу глуждовите на рацете или нозете или пак едноставно врзана како украс на главата.

Единственото правило е секогаш да одбирате парчиња со весели принтови и слободно да ја пуштите вашата креативност и фантазија.

Објавено:
3 октомври 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.798 пати