Правила како да носите кожена јакна и во лето

3 јули 2013

kozena jakna

Кожената јакна е веќе класика. Може да се прилагоди на било кое време и секој моден стил, а благодарение на модерните начини на обработка и бројните варијанти на материјали во облика на еко кожа, па така, кожената јакна не е резервирана само за студените денови.

Како да комбинирате кожена јакна?

Најпопуларното парче во рокерскиот имиџ, бројни дами сè почесто успешно се комбинираат со нежни парчиња облека, како лелеави фустани, здолништа со дезен, или пак со вечерни тоалети.

Моделите на јакни што гарантираат елеганција, но и лежерност станаа задолжително парче облека и во летните прошетки и излегувања. А еве и неколку совети на кои мора да внимавате при комбинирањето и одбирањето на моделот и боите.

1.Елегантниот вечерен стил совршено се комбинира со кожена јакна, дури и онаа моторџиска, можете да ја ускладите со гламурозен фустан. Овој тренд е присутен на речиси секој црвен килим. При одбирањето на боите, црната во овој случај е најдобра, бидејќи ќе ги задоволи сите потреби на свечената пригода.

2.Леженрниот дневен стил во која оваа сезона преовладуваат лелеави здолништа и фустани, најдобро ќе го збогати и освежи кожена јакна. Држете се до класичниот крој, без премногу додатоци. Избегнувајте нитни, или мноштво патенти. Кај изборот на модел, одлучете се за кус, и тесен, што ја прати линијата на телото, бидејќи таков најдобро соодветствува со фустан.

3. Кусите панталончиња и кожена јакна се двојка која ова лето морате да си ја дозволите. Во овој случај, слободно играјте си со бојата на јакната – од нежни нијанси до кобалт сина. Оваа комбинација не е добра за чевли со високи потпетици, па затоа бирајте сандали или балетанки. Што се однесува до кројот на јакната, кусите со нагласени раменици се најдобар избор. Додатоците на јакната во овој случај се добродојдени.

Објавено:
3 јули 2013
Категорија: 
Направи сам