Предлози од уличната мода: како носиме светкави парчиња во лето

30 јуни 2018

Вообичаено светкавите парчиња се резервирани за новогодишните прослави или посебните прилики, но модата не постои за да биде вообичаена... Затоа, соодветно комбинирани, светкавите парчиња може да бидат кул избор, па дури и во секојдневниот стил.

Ќе се послужиме со примери од уличната мода и ќе ви посочиме неколку неконвенционални, но инспиративни варијанти, како ова лето да носите светкави парчиња во различни прилики.

Секако имајте в предвид дека таквите парчиња привлекуваат внимание, па канцеларија или деловен состанок, не се соодветно место за нив.

Но, од друга страна, можностите и приликите кога може да ги имплементирате во вашиот аутфит се бројни.

За преку ден светкава маичка на прерамки со џинс или краток шорц и патики или пак светкаво здолниште со маичка со натпис, а за навечер светкав блејзер со едноставен црн фустан, звучи инспиративно?

Доколку пак сакате суптилно да го надополните изгледот со светкави детали, тогаш одберете модни додатоци со „шљокици" – патики, клач чанта, марама...

 

 

Објавено:
30 јуни 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
732 пати