Продолжете го рокот на костимот за капење

27 јуни 2017

Вреди да се инвестира во квалитетен костим за капење, но исто така вреди да се внимава и на неговото одржување.

Додека сме на летен одмор, речиси сите постојано правиме грешка со негата на овој моден додаток.

фото извор:realsimple.com/Vstock LLC/Getty Images

Костимите за капење не треба да ги ставаме преку жица, ограда или други места каде што ќе бидат изложени директно на сонце.

Сончевите зраци и ваквиот третмат придонесуваат за развлекување и истенчување на ткаенината од која е изработен костимот за капење, а може да придонесе и за промена на бојата.

Затоа, овие модни додатоци перете ги со нежен детергет. Може да биде и детски шампон. Откако нежно ќе го потопите, измијте го со вода, за да се исчисти хлорот, потта и морската вода.

фото извор: rinse.com

Потоа, ставете го костимот за капење на крпа на рамна површина и завиткајте го во крпата. Крпата одмотајте ја и оставете го костимот за капење да се суши и тоа во сенка.

Веројатно се прашавте зошто да го завиткате во крпа? Затоа што на тој начин крпата ќе го впие вишокот вода од костимот за капење, а сушењето на рамна површина ќе го спречи развлекувањето на ткаенината и ќе го задржи својот првобитен облик подолго.

Објавено:
27 јуни 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
650 пати
Извор: 
zadovoljna.dnevnik.hr