Проект за викендов: Нежни украси за есенско уредување во домот

14 ноември 2015

Со доаѓањето на зимата, се зголемува и нашата потреба да уживаме во што е можно повеќе домашни, топли моменти со најблиските. Во пресрет на празниците, чувството е уште поубаво! 

Овој викенд посветете малку од своето време и украсете го домот во топло, зимско руво со помош на овие украсни свеќи што многу лесно можете да ги направите сами, пишува Fashion.hr. 

Веројатно некаде во вашата кујна се кријат мали теглички што повеќе не ви се потребни, а можат да ви завршат одлична работа во украсувањето на домот. 

Потребни ви се неколку мали тегли, бела лента, малку волница во боја по ваш избор, лепило и неколку мали, бели свеќи. 

Како што е прикажано на фотографијата, обложете ги теглите со белата трака и на истата, нанесете малку лепило по површината, за волницата да може подобро да се зацврсти.

Доколку пак повеќе сте обожавател на коноп, истата постапка можете да ја повторите и со него. 

Откако лепилото малку ќе се засуши, почнете да ја обложувате лентата со конопот или волницата во правилни кругови сѐ до врвот на теглата. 

Кога ќе завршите, оставете малку да се исуши украсот на теглата, па внатре ставете една сосема обична, бела свеќа. 

Наредете ги теглите во една голема чинија или пак уште поубаво, покрај вашите прозорци со што ќе направите поромантична атмосфера од било кога!

Објавено:
14 ноември 2015
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.575 пати