Пролет во плакарот на деловната жена

19 март 2014

Време е да ги тргнете зимските парчиња од плакарот, спакувајте ги чизмите, шаловите, бундите, волнените џемпери и ракавици и отстапете им место на новите парчиња изработени од лелеави и полесни материјали, кои ќе ви овозможат свежина и во претстојниот топол период.

 

Различни кроеви, должини, принтови и нијанси

Оваа сезона опремете се со здолништа, без разлика дали тоа ќе бидат пенкало здолништа, миди или макси. Исто така, покрај принтовите и нијансите кај здолништата, разните цветни мотиви, пругите или точките се еднакво модерни и кај кошулите и фустаните.

Пролетен тренд на чевли

Време е да си набавите нов пар балетанки кои се пред се одличен избор за дневни, но и вечерни комбинации. Богатиот избор на модели, од едноставни до балетанки со богати детали и мотиви,  одлично може да се вклопат во класични комбинации, а да не заборавиме дека се практични за носење. Изборот на рамни чевли не значи дека ќе изгубите од естетиката и професионалниот доем. Токму затоа одберете модел на чевли со мал шпиц кој повторно е во мода, мала потпетица или пак со отворена петица.

Колоритност во однос на сакоата

Монохроматските нијанси се карактеристични за зимскиот период од годината, но сега е време да внесете малку шаренило во гардеробата. Изборот на сако во некоја интересна и впечатлива нијанса може да внесе свежина во целокупниот изглед. Сакоата можете да ги комбинирате со кошула и здолниште или пак маица и панталони со прилично иста нијанса, а сакото кое може да биде дополнително комбинирано со брош или пак марама за да изгледате шик, а сепак деловно. Овие комбинации се одлични доколку сакате да го истакнете младешкиот дух во вас.

Ве бело од глава до пети

Треба да бидете внимателни при изборот на еднобојните стајлинзи. Доколку не сакате да мешате различни нијанси или пак принтови, одберете ја белата нијанса во однос на здолништето, класичните панталони, па дури и сакото, но секогаш додадете некој интересен моден додаток кој ќе ја разбие монотонијата во изгледот.

XL чанти

Оваа сезона акцент се става на практичните чанти кои со својата големина нудат простор за понесување на неопходните работи,па покрај шминката, мобилниот телефон и паричникот, ќе може со вас да понесете и работни документи. Изборот на моделот е според вашиот вкус, но ние би ви препорачале да бидете внимателни при изборот на нијансите. Одберете чанта во една или две нијанси за полесно да може да ги комбинирате со останатите аутфити.

Објавено:
19 март 2014
Категорија: 
Направи сам