Разубавете го велосипедот за првите сончеви денови

26 мај 2017

Иако временската прогноза сѐ уште не ни е во прилог, токму сега е погоден момент да си го разубавите велосипедот за првото возење под сонце. 

За инспирација како тоа да го направите, ви препорачуваме да ги отворите социјалните мрежи, со акцент на Инстаграм и Пинтерест, каде ќе најдете бројни иновативни идеи како со неколку шармантни и едноставни детали да го украсите своето омилено превозно средство.

Секако задолжително е да си набавите плетена кошница и цвеќиња и да се препуштите на креативноста.
Искористете го викендов за разубавување на вашиот велосипед.

Објавено:
26 мај 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.067 пати