Решенија за дилемите што да носите на Скопскиот моден викенд?

20 октомври 2014

Во исчекување на модната недела во Скопје составивме листа од седум предлог комбинации водени по тоа дека како гости на ревиите сакате да оставите стилски впечаток и пред се да бидете во склад со последните модни тенденции. Секое издание на модниот викед има тематика по која се води, а за оваа сезона главна инспирација на организаторите е минимализмот од црната и белата боја како и принтовите што создаваат оптичка илузија. Тргнавме токму од тоа и предлог комбинациите во продолжение ги избравме во таа насока. Од формални, рокерски, урбани и тренди стајлинзи сочинети од актуелните и универзално обожавани парчиња.

Предлог 1

 

 

 

За првиот ден појавете се  во кратка топ блузичка со морнарски пруги чиј сојузник ќе биде популарното  здолниште во „молив“ крој.  Во зависност од боите на сличните парчиња што ги поседувате комбинирајте ги останатите аксесоари. Селекцијата на чизмичките нека биде на оние до глужд, бидејќи должината на здолништето ви дозволува такви. За да го заокружите сајлингот доволен ви е само впечатлив масивен ѓердан, едноставно коњско опавче за фризура и минималистичка шминка.

Предлог 2

Ако најдобро се чувствувате во формални комбинации за ваков настан, тогаш предлагаме монохроматска комбинација од класични сиви панталони парирани со безвременската бела кошула. Метереолозите најавија постудени денови затоа потребно ќе ви биде и палто во истиот сензибилитет. Пуловерот во вид на пончо е еден од поактуелните овој период, па 'доколку имате такво парче, тоа би било идеалното за завшен печат од вашата елегантна формална и префинета комбинација.

Предлог 3

Во никој случај не заборавајте на ресите. Тие се водечките во секој поглед. Потрудете се барам на една од ревиите да комбинирате парче со реси. Од предлогот на фотографијата тоа е црно здолниште со долги реси споено со есенско плетено џемпече во боја на вино. Кратките есенски чизмички повторно нека ви бидат опција и впечатливите аксесоари. Ресите имаат моќ да ги привлекуваат туѓите погледи, а со нив дефинитивно ќе бидете во фокусот од погледите  на останатите.

 

Предлог 4

Повротно се навраќаме на минимализмот и монохроматиката на црно-бела комбинација. Покрај „молив“ здолништето, таквото со реси и предимензионираниот пуловер, како предлог не го заборавивме и класичниот црн мантил  во машки крој. Секоја стилска дама го поседува оваа сезона, а веруваме дека и вие имате некоја слична варијанта. Спојте го со блуза или кошула во хипнотизирачки црно- бел принт, а во долниот дел можете да се одлучите и за кратки шорцеви, но и искинати „бојфренд“ фармерки.

Предлог 5

Принт маичката поврорно ја ставаме како опција, овој пат спена во урбана-рокерска варијанта. Предимензионираниот елек е перче што дефинитивно можете да го комбинирате во повеќе варијанти. А една од многуте е како онаа што ви ја предлагаме на фотографијата погоре. Тесни цигара фармерки, чизмички со пивеќе ременчиња или нитни, црна чанта на долга рачка, дискретен накит и подготвени сте да се приклучите кон модната публика.

Предлог 6

Правилата како да носите кратко здолниште во А-крој отвораат широк спекар на идеи. Затоа, без оглед во која и да е боја или текстура ова здолниште е доста инспиративно, а ќе ви помогне и во моментите кога и немате баш идеја како да се облечете. Ако имете таков ден, без двоумење изберете го коженото во црна боја, краток топ, моторџиски чизми, едноставна црна чанта и веќе ја добивте истант тренди изглед.

 

Предлог 7

Водени по тоа да избереме предлог парчиња што ги имаат и носат повеќето од вас, потсетуваме и на тексасната кошула споена со волуменозно здолниште од тул . Ова е проверено одличен избор во кој ќе бидете една од оние  што добро знаат дека токму во овие две парчиња се шик и тренди девојки без никаква стилска грешка.

Се гледаме таму!

Објавено:
20 октомври 2014
Категорија: 
Направи сам