#СедиСиДома и направи кукли од штипки за куклен театар

14 март 2020

Веќе ви е познато дека на социјалните мрежи под ознаката #СедиСиДома можете да најдете разни идеи за тоа како да си го направите времето во домот за време на овој период кога треба да се изолираме и да ги почитуваме препораките на Министерството за здравство и останатите институции поквалитетно.

Вчера ве потсетивме на детството со куклите од хартија, а денеска имаме нова идеја: Кукли од штипки со кои дома можете да си направите куклен театар.

Потребни ви се штипки за алишта, колаж (пожелно е самолеплив) или било која хартија, ножици и по потреба лепак/силикон.

Ова се основните работи, но вие можете да ги украсите и со ткаенини, модни детали или да ги обоите со темперни бои. Бидете креативни!

Што треба да направите?

-Да смислите какви фигури, односно кукли сакате да имате. Нацртајте ги на хартија, а потоа поделете ги на половина. Горниот дел залепете го на горниот дел од штипката, а долниот на долниот дел од штипката.

Смислете приказна и започнете ја играта. Времето ќе помине неверојатно брзо!

Ние во продолжение ви даваме неколку предлози:

 

 

фото: Pinterest.com; 

Објавено:
14 март 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
660 пати