Сезона на мимоза - совршено декоративно цвеќе за домот

18 февруари 2019

Свежа и сончево жолта боја, пријатна арома – февруари и март се месеци во кои цвета цвеќето со кое обожуваме да го оплеменуваме нашиот дом – мимоза.

Токму интензивната жолта боја и грстот ситни цветови со кои се одликува, се причината поради која многумина од нас го користат овој период од годината, декорот на својот дом да го надополнат со исклучителниот шарм на ова цвеќе.

Се одгледува како декоративно дрво, но се користи во индустријата за мебел. Компонентите одвоени од сите делови на билката се користат во фармацијата, козметичката индустрија и медицината, а семето и младите фиданки се користат во азиската кујна.

Пребарувавме на интернет и наидовме на бројни инспиративни идеи како да го го искористите декоративниот шарм на омилената мимоза.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
18 февруари 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
1.097 пати