Шест начини како да ја комбинирате белата кошула

24 април 2014

Белата  кошулата е безвременско парче кое е одличен избор за комбинација за дневни, но и вечерни стајлинзи. Најголем дел од жените ја поседуваат барем во една варијанта, а начините за нејзино комбинирање се бројни.

Комбинација на долга кошула со џемпер

Доколку досега бевте навикнати на класичниот изглед на кошула во фармерки и џемпер одозгора, тогаш направете промена на имиџот со комбинирање на долга бела кошула чии долни делови ќе се гледаат под џемперот.

Бела кошула со долг елек

За интересен дневен стајлинг, направете комбинација на бела кошула со фармерки и долг елек.

Комбинација на бела кошула со јакна со принт

Секогаш бидете претпазливи во комбинацијата на принтови. Ние ве советуваме да направите микс на фармерки, бела кошула и јакна во принт, чиј дезен сам по себе ќе го збогати стајлингот.

Комбинација на бела кошула со панталони со принт

Белата кошула е секогаш одличен избор за комплетирање на класичен изглед. Сепак за разбивање на монотонијата, може да направите комбинација со панталони со принт.

Кежуал стајлинг

Макси здолниште до асиметричен крој и широка, неструкирана бела кошула се одличен избор за дневен кежуал стајлинг.

Класичен стајлинг

Феминизираниот класичен стајлинг во комбинација на бела кошула со салонки никогаш не излегува од мода. Ние ве советуваме изгледот да го дополните со панталони до колена и палто од твид.

Објавено:
24 април 2014
Категорија: 
Направи сам