Што кога ќе се соберат алиштата при перење?

21 ноември 2017

Веруваме дека на многу жени, особено на „новите“ домаќинки, им се случило да стават алишта за перење, но кога ќе се исперат да видат нивна повеќекратно намалена варијанта.

Многу често во таков случај облеката се фрила или се подарува на некој што може да ја носи со новата големина, бидејќи не знаеме што да правиме со него.

Сепак, постои начин на кој можете да ја спасите облеката и тоа во три чекора:

фото извор: thespruce.com;

- Собраното парче ставете го во сад со вода, во која претходно сте ставиле 3 лажици регенератор за коса. Оставете да отстои пет минути.

- Извадете го парчето и ставете го на чиста крпа или першкир.

- Внимателно растегнувајте го по должината и и ширината, додека не дојдете до оригиналната големина.

Овој трик е најделотворен кај парчињата кај кои во составот доминира памукот или волната.

фото извор: dailymail.co.uk

Парчињата што имаат и памук и волна во составот, можете да се обидете да ги спасите така што ќе ги „опуштите“ стегнатите влакна со жешка пегла и малку тегнење при пеглањето.

Колку ќе успеете да спасите зависи и од тоа колку парчето се собрало, како и од севкупниот состав. Но, вреди да се обидете пред да го ставите во ѓубре. 

Објавено:
21 ноември 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.168 пати